ТИЕНС Виталити меки капсули

2 007 ден

Додаток во исхраната кој содржи ладно цедено масло од пченични никулци, лецитин и бета-каротин.

Ладно цеденоto масло од пченични никулци претставува еден од најпознатите извори на витамин Е. Во ова извонредно масло покрај витаминот Е наоѓаме и бета каротин и лецитин. Ладното цедено масло од пченични никулци е главната компонента на ТИЕНС Виталити меките капсули.

Бета-каротинот се смета за каротеноид на провитаминот А. Провитаминот А допринесува за правилна функција на имунолошкиот систем, игра значајна улога во процесот на специјализација на клетките и придонесува за одржување на нормална и здрава кожа. Маслото од пченични никулци е природен извор на Витамин Е и АЛА-омега 3 масни киселини. Витаминот Е помага да се заштитат клетките од оксидативен стрес. Лецитинот е извор на фосфатидилхолин, компонента на масти кои го поддржуваат структурниот интегритет на клеточните мембрани.

Витамин Е, бета-каротин и лецитин не се единствените супстанции скриени во маслото од пченични никулци. Ова масло содржи многу други витамини, минерали, фитостероли, фитохормони и незаситени масни киселини. Незаситените масни киселини исто така вклучува и линолеинска киселина која мораме да ја дополнуваме во нашиот организам преку исхраната, бидејќи самиот организам не може да ги синтетизира. Mаслото од пченични никулци е ладно цедено за да не се изгубат активните материи што ги содржи. Благодарение на високата содржина на витамин Е, кој делува како антиоксидант е поотпорно на оксидација и ужегнување (процес на расипување).

Маслото од пченични никулци исто така наоѓа широка примена и во козметологијата.  Може да се нанесува директно на кожата на лицето-посебно околу очната регија, вратот и дланките.

Нето содржина: 36 g (30 капсули x 1200 mg).

Состојкипченично (Triticum vulgare Vill.) масло; средство за застаклување (мека капсула): говедски желатин; соја (Glycine max L.) лецитин; навлажнувач: глицерол; бета-каротин.

Состојки со нутритивен и/или физиолошки ефект:

Состојки:

во 2 капсули

во 3 капсули

% НХВ*

Масло од пченични никулци:

–        LA (линолеинска киселина)

–        ALA (алфа-линоленик киселина)

–        Витамин E

1200 mg

–        640 mg

–        96 mg

–        9,6 mg

1800 mg

–        960 mg

–        144 mg

–        14,4 mg

80 – 120%

Лецитин

–        Фосфатидилхолин

240 mg

–        120 mg

360 mg

–        180 mg

Бета-каротин

320 µg (160 μg RE=vitamin A) **

480 µg (240 μg RE=vitamin A) **

20 – 30%

**РЕ: Еквиваленти на ретинол (витамин A).

Препорачана дневна доза: Земете 1 капсула 2-3 пати на ден за време или после оброк. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. не земајте суплементи како замена за разновидна и балансирана исхрана. Здравиот начин на живот и балансираната исхрана се важни.

Контраиндикации: не се препорачува за лица алергични на состојките од препаратот.

Серија / рок на употреба: погледнете на пакувањето.

Начин на чување: чувајте го на суво и ладно место, подалеку од дофат на деца.

Back to Top
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial