TIENS Подхранувачки супер калциум во прав

Препорачана продажна цена 1 841 ден
Цена на Дистрибуторот 1 473 ден

Калциумот е хемиски елемент кој го гради и го регулира нашето тело. Тој е одговорен за силата на забите и здравјето на коските. Правилната концентрација на овој елемент овозможува нормално згрутчување на крвта и нормална контракција на скелетните мускули, како и добар ноќен сон и расположение. Ние ги земаме препорачаните количини на калциум од храната што ја јадеме. Понекогаш, за да се избегне недостаток на калциум, треба да се размисли за употреба на додатоци во исхраната.

Калциумот е хемиски елемент од витално значење за животот. Тој е одговорен за многу функции на нашето тело, како што е нормалната функција на дигестивните ензими и згрутчувањето на крвта. Исто така, обезбедува нормална мускулна функција и правилно функционирање на нервниот систем. Пред сè, калциумот е основен елемент за коските и забите. Колку повеќе овој елементот се прима во  нашето тело во детството и адолесценцијата, толку е поголема шансата за здрава, т.н. врвна коскена маса што се постигнува на околу 30 години. На возраст меѓу 30 и 50 години коскената маса е стабилна, а потоа почнува да се намалува. Калциумот помага да се намали загубата на коскениот минерал кај жени во постменопауза. Ниската густина на коскениот минерал е ризичен фактор за остеопороза и фрактури на коските. Сепак, овој процес може да започне порано, бидејќи до 99% од калциумот е депониран во коските, и само 1% во ткивата.

Телото се обидува да го одржи потребното ниво на калциум. Но, кога не се зема доволно калциум, тој почнува да да го користи калциумот од коските а тоа предизвикува декалцификација на коските. Недостатокот на калциум го потиснува одржувањето на коските и забите. Еден возрасен човек има потреба од околу 1000 мг калциум на ден. Сепак, потребата за калциум се разликува во зависност од возраста и зависи од родот. Децата и адолесцентите за време на интензивен раст, бремени жени и доилки и жени од менопауза и постари лица имаат потреба од повеќе калциум. Во исто време, со храната набавуваме од 400 до 800 мг калциум на ден, главно преку млеко, сирење, јогурт и други млечни производи. Рибата е исто така богат извор на калциум. Покрај тоа, апсорпцијата на калциум може да се намали со пиење премногу чај, кафе, алкохол и консумирање на многу производи, на пример фитинска киселина со житарици и мешунки, оксалати, нерастворливи фракции од влакна, вишок фосфор . Исхрана со многу шеќер, масти и сол за готвење, исто така, ја намалува апсорпцијата на калциум. Во случај на ризик од недостиг на калциум, како додаток во соодветна исхрана неопходни се додатоци. TIENS создаде серија додатоци на калциум прилагодени на потребите на телото. TIENS Подхранувачки супер калциум во прав е универзален производ кој содржи калциум и голем број витамини. Секој од додатоците на калциум од TIENS содржи органски јонизиран калциум, кој добро се апсорбира од телото (приближно 95%).

Соединенијата на производот имаат широк спектар на дејство:

  • Калциумот и витаминот Д придонесуваат за одржување на нормални коски и заби;
  • Калциумот и витаминот Д, исто така, помагаат во намалување на загубата на минерали во коските кај жените во постменопауза. Ниската коскена минерална густина е фактор на ризик за фрактури на коските на остеопорозата;
  • Витаминот Д помага да се намали ризикот од паѓање поврзан со нестабилност на телото и слабост на мускулите. Падот е фактор за ризик за фрактури на коските кај мажите и жените на возраст од 60 години и постари. Исто така придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем;
  • Калциумот игра важна улога во одржувањето на нормалната мускулна функција, енергетскиот метаболизам, како и нормалната функција на дигестивните ензими;
  • Витаминот А е од клучно значење за одржување на нормалната функција на кожата, видот и имунолошкиот систем;
  • Витаминот Ц придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, како и нормалното формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските, кожата, забите, 'рскавицата и непцата;

Препаратот содржи лесно сварливи јонизирани калциумови соединенија, извадени од коските на телето. Треба да потсетиме дека природниот облик на калциумот е јонска форма. По влегувањето во телото, тој се претвора во молекуларна форма (нерастворлива калциумова сол). Таквата молекула не може да навлезе во клетката, бидејќи само јоните минуваат низ клеточната мембрана. Затоа, препорачливо е да се користат адитиви кои содржат јонизиран калциум, а не калциум карбонат (направен од мускулести школки, на пример), што е помалку сварливо и може да ги неутрализира гастричните сокови. Витамините помагаат на организмот да го апсорбира калциумот, па затоа тие се вклучени во препаратот. Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциум и фосфати во телото, што значи дека количината на калциум и фосфор што се апсорбира во цревата од храната во крвотокот во голема мера зависи од овој витамин. Недостатокот на витамин Д ја намалува апсорпцијата на калциум дури и кога исхраната е богата со овој елемент. Ова може да доведе до деминерализација на коските. Покрај тоа, витаминот Д придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, така што нејзиниот недостаток го зголемува ризикот од инфекција. Дополнителната компонента содржана во производот, имено витаминот Ц, придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес, што значи ја штити од слободните радикали. Покрај тоа, витаминот Ц придонесува за нормалното формирање на колаген за нормалната функција на крвните садови, коските, кожата, забите, 'рскавицата и непцата. Препаратот на TIENS содржи и витамин А. Витаминот А придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и игра улога во процесот на мобилизација (тоа значи дека клетката припаѓа на специфично ткиво и се прилагодува на одредена функција), а железото придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Препорачана дневна доза:

1 кесичка дневно истурете во 120 ml топла вода или млеко и рамномерно размешајте. Се зема еднаш дневно, по или помеѓу оброците.

Продажна цена: 60,38 лв

Дистрибутерска цена: 48,30 лв

 

Јас, Роза Мафкова,постојан судски преведувач , со свој потпис и печат, потврдувам дека правилно извршив превод  од бугарски на македонски  јазик.

Струмица, 10.12.2018 г.

Бр.428

Back to Top