TIENS Подхранувачки супер калциум во прав (за возрасни)

1 594 ден

Калциумот е хемиски елемент кој го гради и го регулира нашето тело. Тој е одговорен за здрави заби и здравјето на коските. Правилната концентрација на овој елемент овозможува нормално згрутчување на крвта и нормална контракција на скелетните мускули, како и добар ноќен сон и расположение. Ние потребата од калциум ја задоволуваме со внесување на прехрамбените производи , но не секогаш ја достигнуваме препорачаната и потребна дневна доза.  Понекогаш, за да се избегне недостаток на калциум, треба да се размисли за дополнување со додатоци во исхраната.

Калциумот е хемиски елемент од витално значење за животот. Тој е одговорен за многу функции на нашето тело, како што е нормалната функција на дигестивните ензими и згрутчувањето на крвта. Исто така, обезбедува нормална мускулна функција и правилно функционирање на нервниот систем. Пред сè, калциумот е основен елемент за коските и забите. Колку повеќе овој елементот се прима во  нашето тело во детството и адолесценцијата, толку е поголема шансата за здрава, т.н. врвна коскена маса што се постигнува некаде околу триесетите години. На возраст меѓу 30 и 50 години коскената маса е стабилна, а потоа почнува да се намалува. Калциумот помага да се намали загубата на коскениот минерал кај жени во постменопауза. Ниската густина на коскениот минерал е ризичен фактор за остеопороза и фрактури на коските. Сепак, овој процес може да започне порано, бидејќи до 99% од калциумот е депониран во коските и само 1% во ткивата.

Телото се обидува да го одржи потребното ниво на калциум. Но, кога не се зема доволно калциум, тој почнува да го користи калциумот од коските а тоа предизвикува декалцификација на коските. Недостатокот на калциум го потиснува одржувањето на коските и забите. Еден возрасен човек има потреба од околу 1000 мг калциум на ден. Сепак, потребата за калциум се разликува во зависност од возраста и зависи од родот. Децата и адолесцентите за време на интензивен раст, бремени жени и доилки и жени во период на менопауза и постари лица имаат потреба од повеќе калциум. Во исто време, со храната набавуваме од 400 до 800 мг калциум на ден, главно преку млеко, сирење, јогурт и други млечни производи. Рибата е исто така богат извор на калциум. Покрај тоа, апсорпцијата на калциум може да се намали со пиење премногу чај, кафе, алкохол и консумирање на многу производи, на пример фитинска киселина со житарици и мешунки, оксалати, нерастворливи фракции од влакна, вишок фосфор . Исхрана со многу шеќер, масти и сол за готвење, исто така, ја намалува апсорпцијата на калциум. Во случај на ризик од недостиг на калциум, како додаток во соодветна исхрана неопходни се додатоци. TIENS создаде серија додатоци на калциум прилагодени на потребите на телото. TIENS Подхранувачки супер калциум во прав е универзален производ кој содржи калциум и голем број витамини. Секој од додатоците на калциум од TIENS содржи органски јонизиран калциум, кој одлично се апсорбира во телото (приближно 95%).

Соединенијата на производот имаат широк спектар на дејство:

  • Калциумот и витаминот Д придонесуваат за одржување на нормални коски и заби;
  • Калциумот и витаминот Д, исто така, помагаат во намалување на загубата на минерали во коските кај жените во постменопауза. Ниската коскена минерална густина е фактор на ризик за фрактури на коските на остеопорозата;
  • Витаминот Д помага да се намали ризикот од паѓање поврзан со нестабилност на телото и слабост на мускулите. Падот е фактор за ризик за фрактури на коските кај мажите и жените на возраст од 60 години и постари. Исто така придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем;
  • Калциумот игра важна улога во одржувањето на нормалната мускулна функција, енергетскиот метаболизам, како и нормалната функција на дигестивните ензими;
  • Витаминот А е од клучно значење за одржување на нормалната функција на кожата, видот и имунолошкиот систем;
  • Витаминот Ц придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, како и нормалното формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските, кожата, забите, 'рскавицата и непцата;
Back to Top
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial